Бугарија и Хрватска имаат заеднички приоритети - еврозоната и Шенгенот
Бугарија и Хрватска имаат заеднички приоритети- еврозоната и Шенгенот, денеска заклучија бугарскиот премиер Бојко Борисов и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ на средбата во Загреб.
Хрватскиот премиер му честиташе на Борисов за добрата организација на самитот на Западен Балкан и ЕУ на 17-ти мај. Според Пленковиќ, состанокот во Софија ќе придонесе за промовирање на балканските проекти. Тој потсети дека пред неколку дена беше потпишан важен договор за соработка во хидроенергијата, што е доказ за доброто партнерство меѓу Хрватска и Бугарија.
Хрватскиот премиер рече дека двете земји се фокусирале на исполнување на сите критериуми за влез во Шенген зоната. Тој посочи дека двете држави треба да бидат способни да ги контролираат миграциските процеси во регионот.
- Хрватска и Бугарија ќе бидат рака под рака во тие процеси и ќе си помогнат, рече Пленковиќ. Посетата на бугарскиот премиер е чекор напред, додаде тој.
Бугарскиот премиер Борисов се заблагодари што денеска во Загреб ќе биде отворен споменик на патријархот на бугарската литература, Иван Вазов, чие творештво е преведено и на хрватски јазик. Борисов го посочи како добар пример тоа што, бугарската и македонската делегација на 24 мај, заедно ја славеа работата на светите браќа Кирил и Методиј.
Бугарскиот премиер потсети дека салата во која денеска одржа прес-конференција со неговиот хрватски колега (во претседателската палата во Загреб) била речиси целосно уништен пред 27 години и затоа, како што истакна, треба да се направи се за да не се повторат такви настани.
Борисов посака, Хрватска, како понатамошен претседавач со ЕУ (јануари-јуни 2020 година), да ги поддржи сите напори за градење на мирот во регионот, кои беа направени за време на бугарското претседателство со ЕУ, бидејќи во спротивно сето може да биде „само една добра средба".
Бугарскиот премиер истакна дека Бугарија и Хрватска се едни од стабилните земји во регионот и обединети заедно можат да постигнат многу.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање