Балкан
16. July 2020 - 19:46

Бугарија и Грција воведоа забрана за влез на македонски државјани

До први август целосна забрана за влез  на  македонските граѓани во Грција и Бугарија. Со новата одлука на Европската Унија овие две земји целосно ја спуштија рампата за земјите од Западен Балкан меѓу кои е и Македонија.

Привремената забрана за Бугарија важи за сите  без разлика на нивното државјанство и тоа преку сите гранични премини.

Од одлуката иземени се оние макеоднски државјани кои  транзитираат пркеу Бугарија за да се вратата дома.

И  Грција до  31 јули го продолжи привременото ограничување  на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Макеоднија.

Во одлуката потпишана од  грчките министри за здравство  и  транспорт се наведува дека ограничувањето  е од превентивни причини за заштита на јавното здравје поради дополнително ширење на коронавирусот.

Од забраната иземени се лица кои се државјани на Грција, кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција како и за транспорт на стока, транзит на болнички возила за хоспотализрање на пациенти кои припаѓаат на дипломатски, воени и адинистративни персонал на змејите членки од ЕУ и Еулекс на Косово.

Освен за Македонија забраната за влез во овие земји важи и за другите држави  од Западен Балкан, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора.

Македонските државјани без никакви пречки може да патуваат само во Србија и во Албанија, во Косово без рестриктивни мерки можат да влезат оние само со двојно државјанство. За Црна Гора и Хрватска  е потребен негативен тест не постар од 72 час.

Во меѓувреме  11 европски држави привремено го намалија ДДВ- то на туристичките услуги за да обезбедат поевтино патување на туристите со што дирекно ќе му се помогне на  секторот кој  е најпогоден од кризата. Турција до ноември го намали ДДВ –то за хотелите  на само еден процент што е најниско во Европа. Грција пак го намали за безалкохолни пијалоци од 24 на 13 проценти , а кај хотелиерите од 13 на 5 отсто.