Македонија
20. February 2019 - 16:44

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа “за” бугарското Собрание го ратификува протоколот за членството на Македонија во НАТО. На седницата не присуствуваа пратениците на левицата, која од минатата недела ја бојкотира работата на парламнетот поради измените во изборниот законик. Одлуката на народното собрание ја поздрави премиерот  Бојко Борисов .

На ратификацијата присуствуваше  и спикерот на македонското собрание Талат Џафери, кој се  сретна со  премирот Борисов, како и со неговата бугарска колешка, Цвета Карајанчева. По среддбите тој   порача дека Македонија го заслужува местото во Алијансата.

Бугарија е четврта земја по Грција, Словенија и Албаниј, која  го ратификуваше протоколот за влез на Македонија во НАТО.