Македонија
25. January 2018 - 16:22

Бугарија го поздрави напредокот во разговорите меѓу Грција и Македонија

Бугарија позитивно гледа на сребата мегу Заев и Ципрас во Давос и се надева дека наскоро ќе има и решение заимето, со што ќе се тргне главната пречка за интеграција на Македонија во евроатлантските структури.

Амбасадор Иван Петков, на денешната презентација на бугарските приоритети во престедавањето со Унијата, повтори дека Македонија има историска шанса да започне со преговорите уште оваа година.

Во Унијата постои замор од  проширувањето, но и кај  земјите аспиранти кои предолго чекаат пред европските врати, истакна амбасадорот.

На државите од Западен Балкан треба да им  се  даде јасна европска перспектива,  а за таа цел Бугарија подготви акциски план со конкретни чекори наместо нереални очекувања, посочи Петков.