Македонија
28. July 2020 - 8:26

Бугарија ги отвори границите за македонски државјани, но само со негативен ПЦР тест

По вчерашната одлука на Владата на Република Бугарија, македонските државјани ќе може да патуваат во Бугарија.

Владата на Бугарија вчера одлучи делумно да ги олесни мерките за влез и тоа да важи за пет држави меѓу кои и за нашата. Услов е да имаат негативен ПСР-тест не постар од 72 часа.

За разлика од Бугарија, Грција поради коронавирусот ја продолжи до 31 јули забраната за влез на македонски државјани.