Македонија
2. August 2022 - 19:45

Бугарија доби техничка влада

Тензиите на Балканот и реалната закана од војна, се приротетите на новата преодна влада, порача бугарскиот престедате Радев, на свечената заклетва на кабинетот кој треба да организира избори на втори октомври.

Радев на местото премиер го постави Галаб Донев, својот долгогодишен соработник во областа на трудот и социјалата. На церемонијата на примопредавање на власта Донев истакна дека неговата влада ке се фокусира на инфлацијата и енергетската криза,  но екс премиерот Петков го потсети дека сепак негов приоритет треба да е организирање на фер избори.

На местото министер за надворешни работи, наместо Генчовска, доаѓа Николај Милков, искусен дипломат и советник на Радев, инаку доктор по историја и мегународни односи. Негова задача мегу другото ке биде и да го следи спроведувањето на билатералниот протокол со Македонија, кој е поврзан со напредокот на преговарачкиот процес, работата на Комисијата за историски прашања, менувањето на Уставот и говорот на омраза .