Македонија
23. November 2018 - 16:50

Буџетот за одбраната зголемен за достигнување на НАТО стандардите

Буџетот за одбрана за 2019 година ќе тежи 8,3 милијарди денари.  Министерката Шекеринска појасни дека приритетите ќе биде модернизацијата и опремувањето  на Армијата согласно НАТО стандардите. Од септември наредната година платите во АРМ ќе се зголемат за пет проценти, а ќе има и средства  за зголемување на персоналот во нашата мисија во  седиштето на АЛијансата во Брисиел.  

Се планира преструктуирање   и подмладување на армискиот состав со нови професионални војници, ,  но истовремено ќе се намалува  и превработенсота во администрацијата во министерство за одбрана. Ннесуштинските дејности ќе се  издвојат во посебно државно  претпријатие, а дел од вработените и поранешните професионални војници ќе бидат прераспределени во други институции.

Министерката најави дека воениот буџет секоја година ќе се зголемува за 0,2 проценти за да се се достигне буџетската стапка посветена на одбраната на два отсто до 2024.