Будуќност поведе со 1-0 во финалето на АБА против Црвена звезда | Сител Телевизија
Loading Video...
Кошарка
10. April 2018 - 9:26

Будуќност поведе со 1-0 во финалето на АБА против Црвена звезда

 
Екипата на Будуќност поведе со 1-0 во победи во финалето на кошаркарската АБА лига.
 
Црногорскиот првак забележа победа со 80-76 во првиот меч од финалето протов актуелниот шампион Црвена звезда и тоа на гостински терен во Белград.
 
Ивановиќ со 20 поени и Гордиќ со 18 поени беа најефикасни кај Будуќност, а кај домаќините Омиќ постигна 14, додека Рочести средбата ја заврши со еден поен помалку (13). 
 
Подгоричани многу време за радување немаат бидејќи веќе попладнево (18.30 часот) ќе се игра вториот меч, повторно во Белград, по што серијата се сели во Подгорица. 
 
Финалето се игра во три добиени натпревари, а шампионот на АБА лигата ќе обезбеди пласман во елитната Евролига