Loading Video...
Кошарка
14. April 2018 - 13:38

Будуќност на чекор до титулата во АБА лигата

Само една победа ја дели екипата на Будуќност од освојувањето на шампионската титула во АБА лига, откако синоќа црногорскиот првак пред својата публика го совлада бранителот на трофејот Црвена ѕвезда со 78:77 со што поведе со 2-1 во победи финалната серија.
 
Средбата во преполната „Морача“ беше неизвесна до самиот крај, а црвено-белите не успеаја да го реализираат последниот напад за победа за голема радост на домашната публика.
 
Немања Гордиќ со 17 поени и пет асистенции беше најдобриот поединец во домашниот состав, додека кај Ѕвезда се истакнаа Џејмс Фелдин со 19 и Ален Омиќ со 18 поени.
 
Четвртиот дуел од финалната серија ќе се игра вечер од 21 часот, исто така во Подгорица, а евентуалната мајсторка во Белград е планирана за во понеделник (16 април)