Македонија
24. September 2021 - 13:14

Будимпешта не планира да го екстрадира Груевски, вели Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Студио 10“, ја коментираше екстрадицијата на екс-премиерот Никола Груевски и притоа напомена дека нашата земја има основа да побара од Унгарија негова екстрадиција.

- За него има основа да го бараме. Од Будимпешта добиваме информација дека не планираат да го екстрадираат сега за сега затоа што има политички азил од унгарската влада, кажа министерот за правда.