Живот
28. September 2016 - 0:03

Будилник кој ќе ве принуди да станете од креветот

„Руги“ е единствениот мултифункционеален будилник кој ќе ве натера да станете од креветот и да стигнете навреме на местото каде ви е испланиран денот. 

„Руги“ е етисон од мемори пена кој бара да застанете на неговата површина минимум три секунди пред да се исклучи алармот. 

Од причина што му е потребен притисок од целото тело за да престане со работа, „Руги“ е многу поефикасен од стандардните будилници, бидејќи има потреба да станате од креветот за алармот да престане да ѕвони.

Будилникот можете да го програмирате според личните потреби. 

Кога ќе станете и ќе почнете да стоите на „Руги“ будилникот, тој ќе почне да ве расонува со мотивациски говори за убав ден. 

Исто така може да емитува различни звуци и песни.

Тој може да биде и многу пријатно ноќно светло и часовник, ако имате потреба да станете од креветот за време на ноќта.