Македонија
9. December 2020 - 15:24

Бучковски: Подготвени сме за целосна имплементација на Договорот за добрососедство

Македонија е подготвена целосно да го имплементира Договорот за добрососедство, изјави денеска специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски по средбата во Софија со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

– Ако инструмент за тоа е патоказот, верувам дека ќе може да биде алтака со која ќе се мерат постигнувањната, истакна Бучковски на заедничката прес-конференција со Захариева.

Тој призна дека во моментов довербата меѓу двете земји е нарушена, изразувајќи притоа задоволство од конструктивните разговори со Захариева.

– Изразувам задоволство што Владата на пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник на Северна Макеоднија за Бугарија како доплнителен напор од наша страна да ја вратиме загубената доверба. Се согласивме дека во периодот што претстои треба што повеќе да се фалиме со сработеното, отколку со празни зборови, истакна Бучковски.

Тој нагласи дека неговата задача ќе биде да го координира исполнувањето на договорот, но не во делот на историјата.

– Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите за посилна соработка во инфраструктурата, во образованието, културата и во зближување на дватаа народа и тоа искрено ќе го правиме, порача Бучковски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата дека во Софија македонски претставници преговараат за „распарчување на земјата“, Бучковски категорично ги демантираше ваквите обвинувања, оценувајќи ги како целосно не точни.