Македонија
2. December 2020 - 20:14

Бучковски: Оптимизам за договор, но не за седум дена

Решение меѓу Скопје и Софија е можно без да се задира во македонскиот идентитет, но не во следните 7 дена.

Ова е ставот на екс премиерот Владо Бучковски, ден откако беше назначен за специјален претставик за односите со Бугарија.

Бучковски ја стартува едно годишната мисија во која вели има задача да ја врати довербата за спроведување на договорот за добрососедство. За почеток, Скопје чека одговор од официјална Софија за документите кои беа раменети пред 10тина дена. Детали што содржат овие документи во јавноста не се откриваат.

Министерот Османи пак вели дека токму назначувањето на Бучковски за специјален претставник треба да испрати јасна порака до Софија дека земјава е подготвена за договор.

Македонскиот државен врв и натаму е оптимист дека решение може да се постигне до средината на декември за кога е закажан и последниот состанок на лидерите на земјите членки на Унијата.