Бучковски: Немаме друга мисија, ова мора сега да го решиме
Новоименуваниот специјален претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски вели дека поставувањето на оваа должност претставува предизвик за него и изразува убедување дека земјава ќе успее во своите напори за старт на преговорите со ЕУ.
– Блиску сме до излезни решенија. Недопустливо е ние да биде понижени, нашите црвени линии се исцртуваат, јасно е во кој правец треба да се најдат решенијата. Ми се допадна дефиницијата на Османи, мора да ја вратиме довербата во процесот, процесот е нарушен, изјави Бучковски при гостување во емисијата Студио 10 на ТВ 24.
Според него, за земјава нема друга мисија, мора да бидеме трпеливи и ова прашање мора сега да го решиме.
– Не гледам дека ќе има промена на политичката сцена во Бугарија. Додека разговараме тимовите работат, бараат решение, истакна Бучковски, нагласувајќи дека ништо не е тајно, но очигледно „некој се обидува да ја наелектризира состојбата“ во земјава.
Тој потенцира дека проблемот со македонскиот јазик датира уште од стартот на склучувањето на Договорот за добрососедство, бидејќи бугарската страна инсистира секогаш да се користи „јазичната формула“ кога ќе се спомене македонскиот јазик, што, според него, веќе претставува отстапка од наша страна.
– Инсистираме да се користи македонскиот јазик според Договорот. Што значи терминот заедничка историја? Анализите по Договорот беа дека Бугарија доби признание дека сме имале заедничка историја, а ние добивме признавање дека сме два различни народи, истакна Бучковски при гостуваењто во Студио 10.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово