„Бучим“ доби дoзвола за експлоатација на новото рудно тело „Боров дол“
Рудникот за бакар и злато „Бучим“ ја доби дозволата за екслопатација на руда од новото рудно тело „Боров дол“. Заменик менаџерот на „Бучим“ - Радовиш“, Николајо Николов, за МИА вели дека дозволата e продолжување на векот и работата на рудникот, а вработените да останат и на своите работни места.
- Во подготовките на рудното тело, изградбата на подвижната лента од „Боров дол“ до рудникот „Бучим“ и други градежни активности ќе чинат околу 53 милиони евра. Сите овие активности треба да се одвиваат во текот на 2019 година, а рудата да почне да пристугнува во 2020 година од „Боров дол“. Доколку тоа не се случи, може да има застој во работењето на „Бучим“ вели Николов.
Рудата која ќе пристигнува од „Боров дол“ на подвижната трака во должина од околу седум километри ќе се преработува во постојната флотација, а јаловината ќе се депонира исто така во постојното хидројаловиште.
Новото рудно тело „Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел е на Радовиш. Со стартот на експлоатацијата овие општини ќе добиваат и надомест од концесијата, која ја плаќа рудникот „Бучим“ на државата.
Ново на Сител
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег