Македонија
16. April 2016 - 18:19

Бучавата во градовите во земјава се третира како загадување кое тешко може да се контролира

Бучавата во градовите во земјава се третира како загадување кое тешко може да се контролира. Гласната музика, возилата и самите граѓани, посебно во вечерните часови создаваат бучава и до 80 децибели, што е двојно повеќе од дозволеното.
- Ако земете дека тоа е логаритамска скала, значи се работи за многу поголемо ниво, многу поголем звучен притисок отколку што би требало да биде согласно прописите- изјави Дејан Мираковски Проректор за наука на УГД –Штип
Загрижува фактот дека бучавата е многу поголема и во училиштата, а истражувањата покажале дека наставниците со подолг работен стаж имаат проблем со слухот.
- Голем број деца во просториите, нивниот џагор генерира околу 105 децибели, што се пикови многу слични како кога полетува авион- додаде Мираковски
Покрај оштетување на слухот, бучавата предизвикува и главоболка и зголемен крвен притисок. За да се преземат конкретни мерки за овој тип загадување кое е резултат на современиот начин на живеење, научен тим до крајот на годината ќе изврши истражување и мапирање на бучавата во Скопје, Тетово и Штип