Македонија
14. September 2018 - 19:56

Брзо ќе се исплаќа оштетата за јулското невреме во Прилеп

Општина Прилеп денеска го завршила елаборатот за проценка на штетите од јулското невреме, кој изнесува 3 милиони евра и истиот ќе бил испраен до второстепената комисија на Влада. Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, истакна дека по спроведувањето на сите постапки на ниво на комисијата и проценките од бирото за судски вештачења Владата за многу брзо време ќе ги обештела земјоделците.

„Како што ја забрзавме постапката за исплата на штетите и ја затворивме за 2017 година и овде станува збор за постапка која што е во целост испочитувана од страна на законот, нема неправилности, нема нејаснотии, многу брзо ќе биде завршена на ниво на Влада и граѓаните ќе бидат обештетени согласно одлукиите коии Владата ќе ги донесе“, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Николовски потенцираше и тоа дека законот за тутун целосно бил завршен од страна на комисијата и се очекувале последните мислења за да влезе во Владина процедура. Со законот се создавале низа административни олеснувања за тутунопроизводителите при аплицирањето за договори како укинувањето на евидентните листови. Законот се носел со поддршка на сите засегнати чинители.