Македонија
3. January 2022 - 19:45

Брзиот антиген тест најчесто не го детектира Омикрон сојот на Ковид-19

Со сите симптоми на Омикрон но брзиот тест покажал  дека е негативен на вирусот. Пациент во Гевгелија мора да направи и ПЦР за лекарите да знаат како да го третираат.  Дали со брзите и тестовите од аптека може да имаме реална слика за присуството на најзаразниот сој на ковид 19 во земјата? За поверодостојниот резултат од земање на брис од нос и грло пациентите чекаат термини во  државното здравство и по 6 до седум дена а немаат можност сите да одат на приватно.

-Ние сигурно имаме повеќе случаи со омикрон, но сме докажале а и покрај сите симтпоми брзиот тест не покажува и затоа не може да имаме реална слика во земјата. Потребно е или редизајнирање на тестовите или пак рандом тестирање по случаен избор, вели др. Сашо Олумчев, епидемиолог.

И американската ФДА излезе со анализа дека брзите тестови не го детектираат омикрон. Но Агенцијата за храна и лекови вели дека и понатаму продолжува нивната употреба бидејќи и малата сензитивност укажува дека пациентот треба да направи дополнителни тестирања.

Во Гевгелија, пак, веќе имаат зголемен број на граѓани со симптоми на вирусот имајќи во предвид дека за новогодишните празници многумина беа од другата страна на границата а имаше и странски гости кај нас.

-Почнаа, симптоми има, очекувам по божиќните празници да имаме поголеми гужви, вели Олумчев.

Епидемиологот Олумчев очекува и повеќе термини за ПЦР тестови за да може навреме да биде докажано присуството на вирусот и изолација за заразените.