Брутално силувал 18 месечно девојче: Детето едвај преживеало
Татко (33) е обвинет дека пред своите деца во семејната куќа во Њу Делхи силувал девојче од 18 месеци, инаку ќерка на првите соседи.
Девојчето инаку отишло да си игра со неговите деца ид две и четири години, а крваво и со болки пред куќата ја нашла нејзината мајка. Обвинетиот за овој грозен злочин му се заканува доживотен затвор.
По перацијата во болница во Њу Делхи девојчето е во стабилна состојба, а ја посетила и Свати Маливал, претседателка на Комисијата за жени во Делхи.
- Јадно дете не може ниту да зборува, само лежи, изјавила Маливел.
На својот Твитер профил напишала: „Одам да запознаам еднаиполгодишна жртва на силување. Не можам да опишам како се чувствувам. Таа поминала низ толку болки. Како ќе и одговорам на нејзините тивки прашања?“.
Околу 11.000 деца годишно се жртви на сексуално насилство во Индија, а околу три деца дневно се силувани само во Делхи.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари