Балкан
3. November 2016 - 15:03

Брутално претепан 70-годишен дедо затоа што направил прекршок во сообраќајот

Полицијата во Белград трага по двајца мажи на возраст меѓу 30 и 40 години, затоа што вчера на аголот на улиците Првомајска и Јуриј Гагарин, поради првенствено минување го претепале возачот Саво М.(70).
 
Несреќниот човек со тешки повреди е примен во болница, но е надвор од животна опасност и покрај бројните скршеници, пишуваат српските медиуми.
 
- Биле лути на човекот затоа што направил грешка во сообраќајот. Еден од нив го извлекол од автомобилот и го удирал со боксови по главата и стомакот. Дотрчал и другиот и заедно го претепале. Потоа го оставиле стариот човек да вреска од болка и побегнале во непознат правец, - објаснува изворот на „Мондо“.
 
Полицијата распишала потерница по возачот и совозачот на црн„мерцедес“ со белградски таблички.