Балкан
9. November 2018 - 9:12

Брутално мачено момче во дискотека во Крагуевац, го сечеле со стакло и му ја дереле кожата

Членови на крагуевачки клан брутално го мачеше 24-годишниот Јовица Лешњак и двајца жандарми кои биле со него во друштво.

Лешњак брутално е претепан и измасакриран со стаклено шише во тепачка која минатиот викенд избила во ноќниот клуб „Волпе“ во Крагуевац.

Очевидци за српските медиуми тврдат дека додека го касапеле момчето во преполната дискотека не дозволувале да се гаси музиката.

Двајцата полициајци се здобиле со повреди од тепањето при што едниот имал смачкана јагодична коска, а другиот откинато парче од увото.