Брутално ја убил девојката па се правдал: Тоа беше мојот татко кој го сменил полот
Пејшнс Р. Стјуарт лежела во својот кампер во Колорада кога е застрелана неколку пати во глава. Смртната пресуда за неа ја донел Џозеф Саур (19), наводно во самоодбрана.
Саур веднаш по чинот отишол во полициската станица и пријавил како „го убил таткото во самоодбрано“ и додал дека неговиот татко го сменил полот и сега тој е Пејшнс Р. Стјуарт.
Тој тврдек дека неговиот татко правел лоши работи и го смеил полот за да го скрие идентитетот. Кутрата девојка ја обвинил дека е неговиот татко зошто му „давала знаци“. Но во полиција не знаел да објасни какви се тие знаци.
Во меѓувреме полицијата го пронашла таткото на Саур - секако жив и здрав - кој изразил голема загриженост за синот и неговото претераното конзумирање метамфетамини и зависноста.
Наводно Саур ја усмртил 28-годишната девојка во самоодбрана. Се карале и таа наводно станала агресивна зошто Саур сфатил која всушност е таа. Полицискиот увид утврдил дека немало знаци на борба, а пиштолот на Саур го пронашле на неколку улици од полициската станица во која сам се предал.
На Саур ќе му се суди за убиство од прв степен, но тужба се уште не е покрената.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас