Македонија
15. December 2017 - 10:37

Брутална тепачка во скопски автобус

 Тепачка во автобусот  број 65. ги вознемири граѓаните во Скопје. 
 
- На 14.12.2017 година во 18:00 часот Е.Н.(36) пријавила дека истиот ден околу 13:20 часот нејзиниот 15- годишен малолетен син додека се возел со своите четворица другари во автобус на ЈСП со бр.65 кој сообраќал на релација од с.Стајковци до Транспортен Центар- Скопје, во с.Сингелиќ во автобусот влегле повеќе непознати лица на возраст од 15-18 години кои откако се качиле на горниот кат од автобусот најпрво физички го нападнале малолетникот, а потоа и неговите другари. Истиот се здобил со повреди и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош, соопштуваат од МВР.
 
Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.