Живот
24. October 2017 - 23:42

Брутална сцена во Бразил: Разбојници среде бел ден му вперија пиштол на репрезентаивецот и го ограбија

Страотните сцени доаѓаат од Рио де Женеиро каде на улица среде бел ден е ограбен голманот Ботафога Џеферсон под закана со пиштол.

Автомобилот со кој управувал Џеферсон запрел на црвено светло на семафор, а разбојниците кои се наоѓале во друго возило застанале пред неговото и под закана со пиштол го натерале да излезе од своето возило.

На Џеферсон разбојниците му го украдоа возилото и се што имал со себе.

Целиот инцидент го снимила безбедносната камера, а шокантните сцени го обиколија светот.

За среќа бразилскиот голман останал неповреден при грабежот.