Брутален злочин: Ја силувале, тепали и ја набиле на колец - Несреќната жена се бори за живот!
Една жена се бори за живот во болница откако била слувана, избодена, а потоа и запалена во ужасен напад.
Семејството на 44 годишната жртцва открила детали за страшниот напад и изјавиле дека таа е во критична состојба и дека е во кома. Бруталниот напад се случил во градот Буга во Колумбија, а граѓаните биле шокирани по овој ужасен инцидент.
Жената, која работела како собарка, прифатила друга работа фарбање на куќи за да заработи додатни пари, а нејзиниот син кажал дека отишла во станот во неделата, а откако не се јавила станал загрижен.
Тој повикал и други роднини за да му помогнат, но ја нашол во станот наредното утро, без свест, претепана и злоставена, објавиле медиумите.
Се наведува дека била силувана и потоа претепана, а траги од фекалии се пронајдени околу нејзината уста. Исто така утврдено било дека имала бројни опекотини на телото.
Сестрата на жртвата изјавила дека таа била „набодена на колец“ и дека тогаш ја палеле.
Таа одбила да даде повеќе детали за тоа како нејзината сестра била набиена на колец, но медицинските лица велат дека утврдиле тешки повреди околу нејзините генеталии.
На жената и биле направени неколку операции, но лекарите биле приморани да ја стават во индуцирана кома поради обемот на нејзините повреди.
Жртвата ќе осдтане во болница, додека полицијата го истражува инцидентот, но нема податок за осомничените. Понудена е награда од 5.000 евра било кој, кој може да помогне за да се фати напаѓачот.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари