Брутален напад во Ирска: Девојче (13) и жена (41) избодени со мачети од криминална банда
Бруталниот напад се случи синоќа во 21.15 часот во местото Лиснаскеа во Северна Ирска, при што девојче (13) и жена (41) се избодени, а 11 месечно бебе останало неповредено.
Тринаесетгодишното девојче се наоѓа во болница и се бори за живот откако банда со мачети провали во нејзиниот дом и ги нападна.
Жената (41) е избодена во нога, но повеќе не е во болница, а во куќата имало и бебе од 11 месеци, но него не го нападнале. Полицијата синоќешниот напад го третира како обид за убиство.
Полицијата веднаш покрена потера по бандата која извршила разбојништво.
Детективот наредник Кејт Монаган за Белфаст Телеграф соопшти што се случило.
„Девојчето (13) се здоби со тешки убодни рани во текот на нападот и е префрлена итно во болница, а нејзината состојба е критична, но засега стабилна. Ова мора да било застрашувачко искуство за оние кои го доживеаја нападот и одлучни сме да ги пронајдеме одговорните за тоа. Имаме неколку добри показатели кои можат да помогнат во истрагата и моментално напредување, но би го замолил секој кој има информации или забележал било каква активност во околината да им се јави на детективите во Енискилен“, рече Монаган.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово