БРУСКО

Loading Video...

Бруско е грчка серија која со голем успех се емитуваше четири години во соседна Грција, а забележа успех секаде каде што се емитуваше, собори рекорди на гледаност во Перу. Романтична приказна за забранетата љубов која ја оживува вонвременската историја за Ромео и Јулија. Голем дел од сцените се снимени на убавите полиња на винова лоза на Кипар, возбудливите плажи на божествениот остров Крит, богаташките вили на Никозија и улиците на преубавиот град Ханија.

Мелина е млада и убава девојка која израснала во Атина, а има студирано во Париз. Една вечер, во еден бар во Атина ја прославува својата моминска вечер, пред да се омажи за богатиот Сифи, нејзиното долгогодишно момче од Крит за кого веќе нивните родители ги договориле сите адети и планови за бракот. Додека Мелина се забавува на една маса со другарките во тој локал, на масата ѝ пристигнува шише 'бруско', убаво сортно вино. Бруското е подарок од младиот Ахил за идната невеста. Ахил во истиот бар слави ергенска вечер и сосема случајно ја здогледува Мелина, па решава на интрересен начин да ѝ ја честита идната свадба на непознатата девојка. Но, тоа вино и таа ноќ засекогаш ќе ги променат животите на Мелина и Ахил.

Улоги: Елени Ваитсу (Мелина), Андреас Георгиу (Ахил), Апостолис Тоцикас (Сифи), Барбара Ларму (Анастасија), Георги Зениос (Дијамантис), Евелина Папоулија (Дафни), Јоис Евиди (Константина), Јули Тсолка (Василики), Александрос Парисис (Минас), Мелпо Коломву (Евридики), Антонис Каристинос (Маркос)​.