Џет-Сет
9. January 2019 - 13:31

Брус Вилис едвај стои на нозе - актер никогаш не бил уловен во вакво светло

Холивудскиот актер никогаш не бил уловен во вакво светло. Излегувајќи од приватна забава во Лондон, Брус Вилис бил толку пијан, што едвај стоел на нозе. Како што пишуваат светските медиуми, забавата се одржувала во ексклузивниот лондонски клуб „Annabel’s Members Club“, а папараците го начекале 63-годишниот актер на излегување. Тој се симнувал по склаите со помош на два телохранитела и за малку ќе се паднел. Едвај држејќи ги очите отворени, некако стигнал до автомобилот, од каде им упатил поздрав со средниот прст на новинарите.