-->
-->
Брумен го напушта Вардар
-->
Словенецот Матијаж Брумен по завршувањето на сезоната ќе го напушти тимот на Вардар. Иако договорот на Брумен со Вардар истекува во јуни 2017 година, тој побарал од клубот да го ослободи од обврските по завршувањето на оваа сезона.
„За играч како Брумен секогаш има место во нашиот тим. Со својот професионален однос секогаш е пример за голем спортист и пред се човек, со кого е задоволство да се соработува. Неговиот придонес ќе остане впишан во клупската историја на Вардар. Верувам дека и сезонава ќе успееме заедно да се радуваме на уште поголеми клупски успеси“ изјавил за клупската интернет страница извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.
Брумен во Вардар пристигна во 2013 година, тој со ‘црвено црните’ два пати играше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а освои по една титула во домашното првенство и во СЕХА лигата и две во Купот на Македонија.
Покрај Брумен, Вардар по завршувањето на сезоната ќе го напушти и пикерот Алем Тоскиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците