Свет
21. November 2018 - 19:09

Бруклинскиот мост во пламен: По судар се запалија три возила, има и мртви

Бруклинскиот мост  утрово беше во пламен зошто се запалија три автомобили.

Полицијата објави дека дошло до судар во кој учествувале 4 автомобили кои потоа се запалиле.

Возилата целосно изгореле, а мостот беше обвиен со густ црн час. Кога пожарникарите успеаја да го изгасат пожарот затекнале едно безживотно тело и пет повредени лица.

Поради тоа во утринскиот шпиц сообраќајот беше затворен во двата правци.

Пожарот е угасен околу 8 часот па сообраќајот во правец на Менхетн повторно е отворен.