Кошарка
26. February 2021 - 10:52

Бруклин ја бележи најдобрата серија во последните 15 години

Кошаркарите на Бруклин ноќеска го совладаа Орландо меџик со 129:92. Нетс се во серија од осум победи. Ова е најдобриот резултат на клубот од 2006 година.

Бруклин, исто така го одигра својот 20. натпревар во тековната сезона со постигнати 120 или повеќе пени. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во сезоната 2018/19.

За разлика од Бруклин, во „црна“ серија се влезени кошаркарите на Сакраменто кингс. Тие ноќеска загубија од Њујорк со 140:121 и го запишаа деветтиот последователен пораз.

На другите четири натпревари од НБА лигата играни ноќта четврток кон петок постигнати се следниве резултати:
Филаделфија – Далас 111:97
Мемфис – Лос Анџелес клиперс 122:94
Денвер – Вашингтон 110:112
Милвоки – Њу Орлеанс 129:125.