Брошура за предмети од етнозбирката на библиотеката АЛ-БИ
Библиотеката Ал-Би од демирхисарското село Бабино објави брошура „Етноризницата низ слика, порака и стих“ од ученици-основци, посветена на 33 предмети од богатата етнозбирка која е во состав на библиотеката.
Ученици од основните училишта „Браќа Миладиновци“ од село Жван и „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се автори на ликовните и литературните творби за предмеите кои се користеле во минатото, како: утија, ругузина, опинци, пирустија, разбој, налани, аван, ѓум, кантар, мангал, стомна, бутин... На крајот од брошурата во речник се појаснети значењата на старинските предмети.
- Учениците направија успешен обид да го реконструираат животот на симболичен начин на 33 етнопредмети следејќи ја нивната судбина низ годините - животот на предметот и животот со предметот... Ова се предмети на кои подолго време им го имаме свртено грбот и сме ги сокриле од нашата совест, а биле најважен и неодминлив дел од животот на нашите предци, истакнува во предговорот на брошурата Слободан Стојковски, кустос во Завод и музеј Битола.
Библиотеката Ал-Би има фонд од 20.000 наслови, а етнозбирката содржи над 120 предмети изработени од дрво, бакар, железо, месинг, платно... кои го отсликуваат демирхисарското поднебје. Дел од нив се и 33-те на кои им е посветена брошурата која АЛ-БИ ја објави со финансиска поддршка од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени