Бројот на жртвите од ураганот „Харви“ достигна 44 лица
Бројот на загинатите од ураганот „Харви“ во САД достигна најмалку 44 лица, соопштија здравствените власти.
Сите жртви се од сојузната држава Тексас, а 19 луѓе се уште се водат како исчезнати. Телевизијата Си-Ен-Ен, пак, соопшти за најмалку 47 загинати во природната катастрофа.
Над 1,7 милиони жители од Тексас ги напуштија своите домови. Околу 779.000 се принудно евакуирани, а 980.000 сами побарале засолниште на други места.
- Во поплавите кои ги предизвика „Харви“ се уништени околу 100.000 домови, нагласи советникот на амриканскиот претседател за внатрешна безбедност, Том Босарт.
Околу 7.000 пациенти од здравствени установи се евакуирани од тексашкиот град Бомонт, каде во прекин е водоснабдувањето поради поплавени пумпни станици.
Во меѓувреме, јачината на „Харви“ се намали и моментно се наоѓа на околу 130 километри југоисточно од градот Мемфис, државата Тенеси. Брзината на ветровите достигнува околу 48 километри на час.
Белата куќа планира да побара од американскиот Конгрес првично 5,9 милијарди долари за помош на загрозените од ураганот „Харви“, пренесуваат американските медиуми.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој тој се консултирал со високи функционери на својата Републиканската партија, е само првиот од серијата финансиски пакети, коишто по својот вкупен износ би можеле да се споредат со оние од 2005 година за помагање на жртвите на ураганот „Катрина“. Штетите тогаш ги чинеа САД над 100 милијарди долари.
Портпаролката на Белата куќа, Хакаби Сандерс синоќа изјави дека Трамп ќе донира еден милион долари од личните фондови за помош за отстранување на последиците од ураганот.
„Харви“ пред една недела го зафати копнениот дел на Тексас како ураган од четврта категорија и предизвика огромни поплави во градот Хјустон и други реони на државата. Тоа е најмоќниот ураган во САД во последните 12 години.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација