Свет
10. October 2015 - 10:53

Бројот на жртвите од свлечиштето во Гватемала достигна 253

Бројот на загинатите од свлечиштето што погреба дел од град во Гватемала минатата недела, достигна 253, а уште 374 луѓе продолжуваат да се водат за исчезнати, соопшти вчера Националната агенција за борба со катастрофи Конред, пренесува БТА.

На 1 октомври, по обилните дождови, калливи маси од блиската планина се урнаа врз Санта Катарина Пинула, на 15 километри од главниот град Гватемала, закопувајќи над сто куќи под тонови земја, карпи и дрвја.

Спасувачките операции ќе продолжат до крајот на неделава.