Свет
27. April 2020 - 20:42

Бројот на жртвите од Ковид-19 во Франција се зголеми за 437, вкупно 23.293 смртни случаи

Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани  437 нови смртни случаи од Ковид-19.

Вкупно од 1 мај во болниците и домови за нега на стари лица починале 23.293 лица. Во моментов на болничко лекување поради зараза од Ковид-19 се наоѓаат 28.055 лица, од кои 4.608 се тешки случаи и се на интензивна нега.

Бројот на хопситализираните и на интензивна нега се намали во изминатите 24 часа, сепак шеснаесетти ден по ред има намалување на лицата на кои им  е потребна болничка нега.