Loading Video...
Свет
22. November 2022 - 16:29

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се зголеми на 268 лица

Индонезиските спасувачи продолжуваат со обидите да најдат преживеани под урнатините по смртоносниот земјотрес што вчера го уништи градот Цианџур на островот Јава. Во земјотресот загинаа најмалку 260 лица, меѓу кои и голем број деца. Властите предупредија дека бројот на жртвите најверојанто ќе се зголеми. Над 1000 луѓе се повредени а повеќе од 30 се водат се исчезнати.

- Тука сум затоа што треба да го најдам семејството - мојата снаа. Таа беше закопана под овој одрон.

Потресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала предизвика одрони, оштети најмалку 22 000 куќи и расели повеќе од 50 000 луѓе.