Бројот на заразени во Албанија се зголеми на 243, досега починаа 13 лица
Во Албанија се зголемува бројот на заразените од „Ковид-19“,на излекуваните,но за жал и на починатите.
-Во последните 24 часа од тестираните 145 сомнителни случаи, а позитивен резултат има кај 20 од нив, со што вкупната бројка на заразени од „Ковид-19“ во земјава се зголеми на 243 лица.
Синоќа и утрово во Инфективната болница починаа двајца пациенти, 82-годишна жена од Тирана и 62-годишен маж од Драч,со што бројот на почнатите се зголеми на 13 лица, изјави Мира Ракацели, заменик министерка за здравство и социјална заштита.
Добрата вест е, рече таа, дека во последните 24 часа имаме осум излекувани пациенти со што бројот на излекувани се зголеми на 52 лица.
-Ве информираме дека во моментов 77 пациенти се хосптализирани во Инфектвната клинка во Тирана, од нив осум се на интензивна нега, додека, пак, тројца од нив се интубирани. Останатите се во стабилна состојба до овој момент, рече Ракацоли.
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024