Свет
9. May 2020 - 9:47

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина четири милиони лица

Бројот на заразени со новиот коронавирус во светот надмина четири милиони, објави веб-страницата Ворлдметерс.

Повеќе од 275.000 луѓе починаа, а 1,38 милиони луѓе оздравеја.

САД имаат најмногу заразени, 1,3 милиони, каде има најмногу смртни случаи, повеќе од 78.000.

На второ место по бројот на заразени (260.117) е Шпанија, каде починале 26.299 лица.

Во исто време, втора земја во однос на смртноста е Велика Британија со над 31.000 смртни случаи, а над 211.000 лица се заразени.

Во Италија беа заразени 217.118 лица, а 30.201 лица починаа. Само Франција има повеќе од 26 000 смртни случаи, каде што се заразени над 176.000 луѓе.