Македонија
16. April 2020 - 20:35

Бројот на заразени со корона вирус во Прилеп постојано расте

Бројот на заразени со корона вирус во Прилеп постојано расте. Денеска се регистрирани 11 нови случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 100. Од нив 77 се во домашна изолација, додека 23 се лекуваат во болнички услови. Три лица се досега починати. Во моментов во инфективното одделение во Прилеп има 18 хоспитализирани граѓани, 15 со потврден Ковид, додека 5 се сомнителни. Земени им се брисиеви и за нив се чекаат резултати. Иако во споредба со другите градови бројот на инфицирани здравствени работници е помал и тој расте. Прилеп има 8 инфицирани здравствении работнции, а 30 медицински лица се ставени во изолација.

„На некои здравствениот надзор, односно оној период од 14 дена во самоизолација е поминат, останатите кои се сеуште во здраствен надзор ќе бидат тестирани. Во текот на изминатите два дена тестиравме здравствени работници од Итната медицинска помош и од интерното одделение, додека до крајот на неделата планираме останатите здравствени работници на кои надзорот им истекува за овие три дена, тоа се тројца здравствени работници од интерното одделение и имаме 7 од одделението за дијализа“, истакна Татјана Станимировиќ, епидемиолог.

Градоначалникот упати апел граѓаните во текот на утрешниот ден на верскиот празник Велики Петок да не ги посетуваат црквите и за Велигден да останат дома. Сепак потенцираше дека ако на централно ниво на некој начин се дозволи или одлучии верниците утре да присуствуваат за празникот во храмовите имале направено план како да се спречат гужви во храмовите и да се воведе ред.

„Јас разговарав со сите намесници на сите цркви и свештеници од нашиот град, спремни сме, имаме план како тоа да го реализираме тоа доколку се одобри, доколку се случи граѓаните да одат во црква. Да нема физички близок контакт и секое лице да добие заштитна маска пред да влезе во црквата“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Армијата и понатаму останува да прави ред пред поголемите маркети и банките во Прилеп. А од утре ќе се изврши и нова дезинфекција на улиците, јавните површини, плоштадите и влезовите на сите згради.