Свет
13. November 2018 - 8:22

Бројот на загинати во пожарот во северна Калифорнија се зголеми на 42 лица

Бројот на загинати во пожарот во северна Калифорнија се зголеми на 42 лица, со што стана најсмртоносниот во историјата на Калифорнија, изјави вчера шерифот на округот Бут.

Последните податоци беа објавени откако властите ги открија останките на уште 13 жртви на огнената стихија.

Пожарот во Калифорнија, кој избувна во четвртокот, се претвори во најразорниот во историјата на државата откако опустоши 7.100 станбени и други згради.

Тринаесетте нови жертви беа пронајдени во изгорени автомобили, меѓу урнатините на нивните домови или во близина на нивните автомобили. Тие ги загубиле своите животи задушувајќи се од чад или биле зафатени од огнот пред да стигнат до возилата со цел за да избегаат.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи Калифорнија за зона на катастрофи.