Свет
20. July 2018 - 9:19

Бројот на загинати во несреќата во Мисури се искачи на 11

Бројот на загинати во потонувањето на импровизирано бродче во езерото Тејбл Рок во американската сојузна држава Мисури се искачи на 11 лица.

Се стравува дека црниот биланс може дополнително да расте, бидејќи на бродот имало 30-ина патници, меѓу кои и деца. Досега само седуммина се хоспитализрани, а нуркачи го пребаруваат езерото.

Несреќата била предизвикани од силната бура што го зафатила регионот, при што се кренале ветрови со брзина од 100 километри на час.

Таканареченото бродче - патка, кое се превртело, е всушност возило прилагодено за пловидба. Компанијата која ги организира ваквите тури во минатото имала повеќе несреќни случаи.