Loading Video...
Свет
26. January 2020 - 20:59

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, а повредени се повеќе од илјада и 600 лица. Спасувачките екипи деноноќно продолжуваат да работат во потрага по преживеани.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу процени дека 20-ина лица се уште се заробени под урнатините.

Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби објави дека досега се спасени 45 лица. Меѓу нив е две и пол годишно девојче.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени ја погоди провинцијата Елазиг, околу 550 км источно од главниот град Анкара. По првичниот, следувале над 700-ини помали потреси.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган пристигна во Елазиг во областа Мустафа Паша, каде што се урнаа две станбени згради. Ердоган вети дека државата ќе стори „сè што е во нејзина моќ“ за да им помогне на жителите.