Бројот на умрени од Ковид-19 во светот надмина два милиона
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во светот надмина два милиони, откако страницата за следење на пандемијата „Ворлдметер“, ноќеска прикажа дека досега во светот умреле 2.000.223 лица од Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата 93.443.135 лица се заразени со вирусот, а 66.682.010 заздравеле.
Како активни случаи во моментов се водат 24.760.902 случаи, од кои 0,5 проценти од пациентите се наоѓаат во критична состојба.
Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД, каде досега умреле 397.264 лица, по која следуваат Бразил со 207.095 и Индија со 151.954 умрени пациенти.
Од европските земји, највисока стапка на смртност има Обединетото Кралство, каде 86.015 лица ја загубиле битката со коронавирусот, по што следат Италија со 80.848 и Франција со 69.313 смртни случаи.
САД се рангирани на првото место и по бројот на потврдени случаи, од кои досега се регистрирани 23,8 милиони, пред Индија со 10,5 милиони и Бразил со 8,3 милиони заразени.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024