Бизнис
12. August 2020 - 13:28

Бројoт на туристи намален за 95%

Катастрофални резултати во туризмот. Бројот на туристи во јуни во споредба со јуни лани намален за 95%, објави статистика. Пад има и кај домашните и кај странските гости. Туристичките работници за Сител велат дека ваучерите ќе им помогнат минимално.

-Ваучерите нема да помогнат многу затоа што во проектот сме вклучени многу доцна. Од септември повторно ќе останеме без ништо затоа што сезоната летна ќе заврши, а ваучерите ќе се искористат. За да опстоиме неопходна е финансиска подршка од есен, вели Ана Марија Алексова туристички работник.

Повеќе информации на оваа тема во вестите во 16 часот.

 

Ирена Чачкова