Loading Video...
Свет
7. November 2020 - 16:36

Бројот на смртни случаи од корона вирус во Европа надмина 300 илјади

Бројот на смртни случаи од корона вирус во Европа надмина 300 илјади а над 12 милиони се заболени. Две третини од жртвите се во пет земји-Велика Британија,Италија, ФРанција, Шпанија и Русија. Стариот континенет продолжува да бележи и рекорди на нови случаи на ковид на дневно ниво и а болниците се оптоварнеи со пациенти.Во обид на зауздување на вториот бран лидерите веќе воведоа посторги органичувања –од полицкси час до карантин.  Во се повеќе европски  змеји расте гневот против новите анти ковид мерки. Синока во Солун дојде до жестоки судири меѓу полцијата и демонстрантите . Од денеска па се до  30 ноември, Грција е во втор целосен карантин, а за граѓаните дозволено е движење само со претходно испратена смс порака и тоа само за одредени причини

Путин поднесува оставка поради сериозна болест!? Британците објавија шокантни информации, а Кремљ веднаш реагираше!

Кремљ ги негираше тврдењата на британскиот таблоид САН  дека рускиот претседател  Путин ќе поднесе оставка во текот на следните месеци поради здравствени причини.  Британскиот таблоид  објави дека Путин ќе се повлече од функцијата поради   Паркинсонова болест. Претседателот  е во одлична здравстевна состојба и  нема да поднесе оставка порача портпаролот на Кремљ.

Ураганот Ета ја погоди ЦЕнтрална Америка - над 180 загинати и исчезнати

Најмалку 180 лица загинаа или се водат за исчезнати во шест земји од Централна Америка  во урганот Ета. Најмногу погодена е Гватемала која објави 150 загинати. Ураганот предизвика поплави и свлечишта.