ОН: Бројот на присилно раселени лица во светот достигна историски максимум
И покрај пандемијата, бројот на луѓе кои бегаат од војни, прогонства и злоупотреби достигна рекордни 82,4 милиони, двојно повеќе од пред десет години, според податоците на ОН.
Само минатата година имало околу 11,2 милиони новораселени лица, се забележува во извештајот.
Ограничувањата за патување и затворањето на границите значеа релативно мал број луѓе (251.000) кои беа во можност да се преселат на друго место или да се вратат во своите матични земји.
„Ова е трета најниска бројка во изминатата деценија и продолжува со трендот на опаѓање од претходните две години”, се забележува во извештајот. Од нив околу 34.400 биле преселени бегалци, во споредба со 107.800 во 2019 година.
Турција останува најголема земја домаќин на бегалците, со нешто помалку од четири милиони, главно Сиријци.
Колумбија е втора со над 1,7 милиони, следува од Пакистан (1,4 милиони), Уганда (1,4 милиони) и Германија (1,2 милиони).
„На крајот на минатата година, над 235 милиони луѓе имаа потреба од хуманитарна помош и заштита”, нагласува Антонио Виторино од Органзиацијата за миграција
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители