Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Албанија и понатаму во опаѓање
Во Албанија и понатаму опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус, а се зголемува бројот на излекуваните.
Во последното деноноќие новодијагностицирани се само седум случаи, со што вкупната бројка на заразени изнесува 416 лица. Во исто време излекувани се 17, со што вкупната бројка се зголеми на 182 лица.
-Во последните 24 часа извршени се 162 тестирања, при што само седум од нив се со позитивен резултат. До сега тестирани се вкупно 3.385 сомнителни случаи, а Ковид-19 е дијагностициран кај 416 од нив.
– Излекувани се вкупно 182, додека за жал битката со коронавирусот ја изгубија 23 лица, изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје. Таа додаде дека тројца од новозаразените се од Тирана додека четворица од Скадар.
Според неа, во Инфективната клиника се наоѓаат 50 пациенти, од нив шестмина се на интензивна нега, додека еден пациент е интубиран. Во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се шест пациенти, од нив четворица се интубирани.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто