Свет
25. September 2020 - 8:42

Бројот на новоинфицирани со Ковид-19 во Русија дневно може да порасне и до 9.000 лица

Русија повторно може да очекува дневно зголемување на бројот на пациенти до 9.000, изјави главниот лекар на водечкиот медицински центар, Евгениј Тимаков, во директен пренос на Инстаграм, пренесува Тасс.

-Кон средината на летото кажавме дека ќе има зголемување на бројот на пациенти. Според моите предвидувања, бројот на случаи на дневно ниво може да расте меѓу осум и девет илјади, потенцира Тимаков.

Тој додаде дека нема причина за паника.

Според Тимаков, рускиот здравствен систем е насочен кон превентивни мерки (одржување физичка оддалеченост, носење маски, миење раце …) што овозможија ублажување на последиците и во првиот бран на епидемијата.