Бизнис
11. March 2017 - 16:33

Бројот на евидентирани невработени за десет години се намалил за над 165.000

Бројот на евидентирани невработени за десет години се намалил за над 165.000.

Според евиденцијата на Агенцијата за вработување, во Македонија во декември 2006 година имало 366551 лица запишани како невработени.

На крајот на 2016 во базата на АВРм евиднетирани се 200774 невработени.

За овие десет години невработеноста се топи во сите региони. Во Битола во 2006 невработени биле 20.200 лица, во 2016 6200. Во Велес за десет години бројот на невработени се намалил од 15.400 на 3600.

Во Прилеп од 24.400 на 7.800. Бројот на невработени во Тетово во псоледната деценија се намалил од 28900 на 13700, а во Гостивар од 16 600 на 6200.

Намалувањето на невработеноста се должи на активните мекри кои ги спроведувадржавата и преку кои за 10 години има над 27000 нововработени, но и на странските инвестиции.

- СДСМ, посочи Данев, го создаде проблемот со невработеноста, а во свооите мандати не донесоа ниту едно вработување од странска инвестиција бидејќи немаа донесено ниту една странска инвестиција. Напротив, без работа оставија над 200 илјади работници, а секој ден се затвораа фабрики и производствени погони чиј број достигна 684 жртви на транзицијата и криминалната приватизација спроведена од СДСМ, рече Данев.

Стапката на невработнеост, според статистика, во декември падн ана 23,1% што е историски најниска невработеност.

Прогнозите се дека трендот ќе продолжи. До следната година невработнеоста треба да се спушти под 22%, а само преку државните активни мерки за вработување дотогаш треба да се отворат 10.000 нови работни места.