Свет
28. November 2017 - 8:30

Бројот на американски војници на Блискиот исток поголем од објавениот, соопшти Пентагон

Бројноста на американските војници распоредени во зони на воени дејствија во Блискиот исток се претвори во мистерија откако Пентагон синоќа објави нови податоци, со цифри значително повисоки од досегашните.

Тримесечен извештај на Пентагон за бројноста на војниците во Блискиот исток нагласува дека на 30 септември речиси 15.300 американски војници биле распоредени во Авганистан, 8.900 во Ирак и 1.720 во Сирија. 

Тие бројки се разликуваат од претходните месеци. Претходно во Сирија биле 503, во Ирак 5.262.

Додека претседател на САД беше Барак Обама беше одреден лимит за број на американски војници распоредени во Блискиот исток.